„Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик" и најблизок до срцата на Македонците.. Со широка насмевка на лицата и изразена благодарност, денес, 25.10.2025 учениците од 1 во до 4 то одделение при Викториското училиште за јазици (VSL Keilor Downs) примија книги од непознато другарче од Велес, Македонија. Оваа акција е плод на долгогодишната соработката на Клубот на писатели, Коста Солев Рацин од Велес и МЛД "Кочо Рацин" од Мелбурн, кои овојпат спроведоа акција за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Викториското училиште за јазици во Килор Деонс.
Книгите беа предадени на наставничкиот колегиум, од претседателката на МЛД "Кочо Рацин", Мелбурн, Гордана Димовска. Книгите ги прими наставничката Мирјана Стојчевска при што ги запозна децата за оваа убава акција а потоа им ги разделија на учениците.






