Tuesday, November 6, 2018

СООПШТЕНИЕ




Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин од Мелбурн ќе одржи литературно читање насловено како Мојата омилена приказна. Ги покануваме заинтересираните од сите возрасти да се пријават за читање на нивна омилена приказна, извадок од омилена книга или поетска творба.
Во едукативната програма ќе имаме активност: Од буква до буква азбука со цел најмладите да се запознаат со македонската азбука преку боење, пишување и изговарање.
Следуваат и награди за најмладите кои најдобро ќе ги прочитаат своите избрани творби.
Настанот ќе се одржи Четврток на 29 Ноември во библиотеката во Мил Парк од 6.00 – 10.00 навечер.

За пријавување и повеќе информации јавете се на следниве броеви: Гордана на мобилен: 0423 496 821 и Нове на мобилен 0488 001 946 или електронска пошта: mld.kocoracin@mail.com
Книгата е огледало на човековата душа, светлина која сее знаење и ја зголемува нашата творечка способност.

No comments:

Post a Comment

КНИГАТА ГИ ПОВРЗА ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА

„Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик" и најблизок до срцата на Македонците.. Со широка насмевка на лицата и изразена благодар...