Showing posts with label АКТИВНОСТИ. Show all posts
Showing posts with label АКТИВНОСТИ. Show all posts

Tuesday, October 18, 2022

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА

Македонското литературно друштво Кочо Рацин - Мелбурн ќе одржи промоција за две книги од Јагода Здравеска Котеска. Романот Љубов по слика и биографско-етнографската сторија Велика. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември во просториите на Yarra Plenty Regional Library (YPRL) - Mill Park Library од 14.30 - 16.30.

Настан кој посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за овие две најнови дела на Јагода Здравеска - Котеска и да си набават примерок од книгите.  Во романот преовладува тема од печалбарскиот живот на Македонците пред тргнување од родните огништа и по стигнувањето во новата земја во која се соочуваат со носталгија, осаменост, адаптирање на новиот живот. Преку ликовите во романот се отсликува мачната историја на македонскиот народ, страдањата, последиците од војната. Нејзината приказна се простира на 786 страници. 

Книга ВеликаНиз оваа етнографска сторија опишани се многу елементи од животот и обичаите на семејството на нашата мајка и воедно на жителите од селата од пелагонискиот крај.

Ова дело е вистинско македонско етнографско богатство и ќе биде од голем интерес не само на семејството, потомците и роднините на нашата мајка, туку за сите македонци ширум светот кои сакаат да се запознаат и да научат нешто повеќе за македонската култура од прва рака. 

Дојдете и откриете го богатството кое се крие во овие две книги. 

Промотори: Гордана Димовска и Крсте Наумовски - Мечкар

Читање на извадоци од книгите - Снежана Џамбазова Попорданова и Лидија Стојаноска

Музика - Ромео Макачовски - вокално  инструментален солист на македонска староградска и забавна музика.

Влезот е слободен. Повелете, ве очекуваме.

Sunday, August 28, 2022

НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НАЈНОВОТО ДЕЛО 'РАСЧЕРЕЧЕНИ ДУШИ МАКЕДОНСКИ"

 

"И не само што на повеќето ликови во расказите им се черечи душата,  се черечи и мојата душа. Под притисок на годините носталгијата се почесто извира од потсвеста и се вгнездува во мислите, чепка по емоциите и ги исполнува соништата. - Нове Младеновски 

Класичната Австралијска печалбарска шема “одам на неколку години, ќе спечалам пари и ќе се вратам во Татковината“ одамна е исчезната. И тие што планирале да останат само неколку години и оние што мислеле да останат подолго време, скоро сите останале за секогаш. Низ времето печалбарската приказна се трансформира во современа емигрантска приказна.

Првите неколку имигрантски години, по почетните културолошки, јазични и финансиски шокови, се години на учење на правилата на системот, учење на Англискиот јазик, пронаоѓање на нови пријатели, отпочнување на нов социјален живот, барање работа, барање сместување, и уште многу ситни и крупни нешта. По овој период настапува рутина - на работа па дома. Утредента, пак исто дома па на работа, и така во недоглед. Во меѓувреме си правите планови за иднината на семејството. 

Friday, March 18, 2022

ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ВО ПАРК



Македонското литературно друштво Кочо Рацин
, Мелбурн организира литературно читање на 26.3.2022 со почеток во 17.00-19.00 часот во паркот Тhomastown Main st Reserve Walk, на адреса 52 Main st Thomastown.Читањето на литературни дела во публика е значајно за оживување и одржување на ова уметничко јазично творештво на еден народ.

Можете да се пријавите за читање до 25.3.2022 на телефон 0423 496 821.
Придружете ни се.🤗

Saturday, November 17, 2018

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО "КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН СО САЕМ НА КНИГАТА

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!
"Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?
Или сонцето не свети за сите, исто така?
Зар не го дишеме воздухот сите еднакво?
Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?
Со овие стихови на Свети Кирил се отвори Саемот на книгата 2018 кој го организира МЛД “Кочо Рацин” Mелбурн во библиотеката во Мил Парк. Потоа следуваа и поеми од Кочо Рацин, Крсте Наумовски, и Љубица Поповска прочитани од Крсте Наумовски и Весна Дамчевска.
Саемот на книгата се одржува секоја година во чест на Свети Кирил и Методиј кој воедно е и потсетување на значајноста на нивната величенствена мисија, во просветувањето на народот и создавањето на првата азбука.

Tuesday, November 6, 2018

СООПШТЕНИЕ




Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин од Мелбурн ќе одржи литературно читање насловено како Мојата омилена приказна. Ги покануваме заинтересираните од сите возрасти да се пријават за читање на нивна омилена приказна, извадок од омилена книга или поетска творба.
Во едукативната програма ќе имаме активност: Од буква до буква азбука со цел најмладите да се запознаат со македонската азбука преку боење, пишување и изговарање.
Следуваат и награди за најмладите кои најдобро ќе ги прочитаат своите избрани творби.
Настанот ќе се одржи Четврток на 29 Ноември во библиотеката во Мил Парк од 6.00 – 10.00 навечер.

КНИГАТА ГИ ПОВРЗА ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА

„Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик" и најблизок до срцата на Македонците.. Со широка насмевка на лицата и изразена благодар...