Monday, July 20, 2020

ДУША МАКЕДОНСКА


Во Крушево

Срцето и душата
здивот и и песната,
тешкото на чекорите
погледите што милуваат,
орото, зурлите и гајдите
клекнување, станување.

Тежок ни е ритамот на тешкото
а уште потешко е,
да го играат туѓинци што не знаат
кој да ги води ороводците,
и уште потешко е
да пее на јазикот кој не го знае
зашто генот не му е македонски.

Овде, овде е тој корен со нишани
овде е крвта во жилите,
длабоко во земја македонска
овде никој не може да пее ни да плаче,
како што ние Македонците
умееме да пееме и плачеме.

Да се бунтуваме и да војуваме
со громовите, со огновите на змејовите,
на туѓи топовски зрна 
одалеку зариени во стапалата,
од нишан до истрел и пак не' има
во коренот што рти во земната татковина.

Автор: Живко Деспотоски
22 мај 1980

Tuesday, March 3, 2020

АВАТАР НА ЉУБОВТА

 За Дино
Јас само вака умеам да те љубам,
од сува уста збор неисушен да испуштам, да престанам да ти зборувам,
ал сал за миг в очи да те погледнам.
 Но, јас само вака умеам да те љубам, кршејќи ги и остатоците на гранката на која почивавме еден ден, не бирајќи ги зборовите кои знаев дека до гроб ме носеа, но знаев дека ти со мене ќе појдеше, оти ти сама никогаш не ме оставаше.

Thursday, January 2, 2020

УМЕТНОСТ


Што значи зборот уметност. Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека под уметничко дело се подразбира секој израз што е конкретизиризан во некој предмет што предизвикува естетско задоволство и што е намерно изработен за таа цел. Најприфатлива дефиниција за поимот уметност е човекочкото творење, човековите креативни дејствија.
 Уме – умеење, познавање на вештини и занаети, одраз на убавото. Во во денешно време.. уметноста се гледа како да е луксуз кој служи само да се промовира во уметничи салони. Луѓето и во праисторијата креирале, создавале неверојатни уметнички дела и никогаш не го сфаќале тоа така. Уметност е кога таа допира до сетилата на човекот и без да бидат признати авторите како уметници.

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓор...