Monday, October 31, 2022

АВСТРИСКИОТ ЦАР ЛЕОПОЛД ЗА МАКЕДОНИЈА

 Историја
Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита.
На 6 април 1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија.
Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците.

АРИСТОТЕЛ ВО ПЕЛА

 Пишува: Ванѓелко Лозаноски 

Историја

Филип и Аристотел биле познаници пред Аристотел да е назначен за учител во Пела. Во кралскит двор се чувствувал како во неговиот роден дом, зашто татко му му бил лекар на кралот. Филип како крал, колку и да бил поплавен од раководење на државата, најдувал време да се сретне со Аристотел, од кого можел нешто да научи за политиката, водењето на државата, зашто дотогаш светот немал таков човек дар од науката.

И кралот македонски Филип и светскиот научник Аристотел имале големи идеали. Филип мислел да го освои светот, а Аристотел светот да го зголеми со низа науки. Нивните дискусии имале космички димензии. Филип помагал со средства за реформа на образованието во Македонија, а Аристотел го подготвувал својот тим за реформите да бидат успешни.
Архелај уште со преселбта на престолнината во Пела, во новата кралска престолнина се вселија учители, поети, уметници, културни дејци итн. Во таа културно - просветна кралска екипа беше македонскиот поет Аррибаиос, кој ги постави темелите на македонската поетска школа, која се надоврза на народното македонско поетско творештво. Филип располагаше со своја екипа од учители, културни дејци и уметници.
Аристотел во кралскиот двор најде образован кадар, којшто со негови подготовки беше солиден НАСТАВЕН КАДАР, кој може да го подигне образованието во главниот град на повисоко ниво за да се основа високата ШКОЛА- ПЕЛА.

Аристотел на школата Пела и дал нови размери на образовниот и воспитниот процес. А воедно ги проширил наставните предмети од општествеените и природните науки Филозофија, логика, зоологија, психологија, биологија, космологија, антропологија, етнологија, географија, картографија, астрономија, математика, аритметика, лингвистика, литературата, итн.
За ново воведените предмети требало да се напишат учебници, да се даде помошна литература, наставни средства и помагала. Аристотел за таа цел образувал тим од над 40 негови истакнати ученици. А со тек на времето, тие стануваат негови соработници: учители, препишувачи, преведувачи на книги, и воспитувачи. Во таа група имало вредни таленти кои упорно го следеле неговиот пат. Благодарение на неговите соработници, Аристотел успеал да продре во низа науки, да напише многу книги од кои светската наука со векови се напојувала. Да заклучиме дека: Аристотел твори заедно со неговите блиски соработници и творци над една деценија во школата Пела.
Пред походот за Азија и Африка, во библиотеките на Пела и во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, се преведуваа и препишуваа низа дела корисни за светската литература, медицина, култура и наука. Од Македонија патуваа заедно со фалангата патуваа заедно лекари, политичари, поети, архитекти, уметници, музичари, градежници, вајари, ликовни уметници, резбари итн. Се ширеше македонскиот јазик, писмо, култура и наука во новоосвоените земји. Се градеа мостови, населби и графови.

ЗАЛОГ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА

 Извадок

“ Есента 1894 година во Штип, каде бил учител Даме Груев, пристигнале Гоце Делчев и неговиот другар туше Делииванов. Уште со своето пристигнување Гоце внел нов дух и нов живот во развитокот на револуционерното движење. Тој го раширил кругот на учесниците во револуционерните групи, откако привлекол сиромашни еснафи и работници од маалото Ново Село, во кое тој бил учител, а исто така и селани од целата штипска околија. Секоја саботна вечер тој излегуваше од Штип, преправен или не, и се враќаше в недела навечер или в понеделник наутро...со доаѓањето на Гоце се изменил карактерот на организацијата. Скриената, конспиративна дејност на дотогашните мали групички, тој ја преобразил во пирока илегална дејност. Надарен со здрав национален усет, Гоце јасно согледал дека во единството на сите Македонци лежи залогот за слободата на Македонија како самостојна политичка единица. Пред неговата убедлива проповед во името на заедничкиот идеал, исчезнуваа вештачки создадените национални непријателства “
 (Евтимов Дим. П: Делото на Гоце Делчев“. Во името на идејата “Македонија на Македонците“ голем број од припадниците на етничките групи ја поддржале Организацијата. Во Западна Македонија Гоце бил пречекуван како посакуван гостин и од гркоманите и од бугароманите и од србоманите и од Власите.

ОКТОМВРИСКИ ПЛАМЕН





Автор: Гордана Димовска

 Се разгори нов пламен, Илинден трет

Доста се маки и страдања

Да го истераме окупаторот клет.

 Блесна, поведе борци

Кон нов симбол на слободата,

Храбри и силни,

Со љубов исполнети срца  и лица нивни.

 

Војникот оди напред и вее алово знаме,

Ги поведе сите на борбениот фронт со завет

За конечна слобода на македонскиот народ,

Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеe.

Рамо до рамо со сојузници силни

Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света

Се роди нов Илинден како оној од 1903-та.

Редици во недоглед, стоилјадни чети

Ја продолжија борбата за идеалите свети.

Tuesday, October 18, 2022

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА

Македонското литературно друштво Кочо Рацин - Мелбурн ќе одржи промоција за две книги од Јагода Здравеска Котеска. Романот Љубов по слика и биографско-етнографската сторија Велика. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември во просториите на Yarra Plenty Regional Library (YPRL) - Mill Park Library од 14.30 - 16.30.

Настан кој посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за овие две најнови дела на Јагода Здравеска - Котеска и да си набават примерок од книгите.  Во романот преовладува тема од печалбарскиот живот на Македонците пред тргнување од родните огништа и по стигнувањето во новата земја во која се соочуваат со носталгија, осаменост, адаптирање на новиот живот. Преку ликовите во романот се отсликува мачната историја на македонскиот народ, страдањата, последиците од војната. Нејзината приказна се простира на 786 страници. 

Книга ВеликаНиз оваа етнографска сторија опишани се многу елементи од животот и обичаите на семејството на нашата мајка и воедно на жителите од селата од пелагонискиот крај.

Ова дело е вистинско македонско етнографско богатство и ќе биде од голем интерес не само на семејството, потомците и роднините на нашата мајка, туку за сите македонци ширум светот кои сакаат да се запознаат и да научат нешто повеќе за македонската култура од прва рака. 

Дојдете и откриете го богатството кое се крие во овие две книги. 

Промотори: Гордана Димовска и Крсте Наумовски - Мечкар

Читање на извадоци од книгите - Снежана Џамбазова Попорданова и Лидија Стојаноска

Музика - Ромео Макачовски - вокално  инструментален солист на македонска староградска и забавна музика.

Влезот е слободен. Повелете, ве очекуваме.

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓор...