Showing posts with label ПОЕЗИЈА. Show all posts
Showing posts with label ПОЕЗИЈА. Show all posts

Monday, October 31, 2022

ОКТОМВРИСКИ ПЛАМЕН





Автор: Гордана Димовска

 Се разгори нов пламен, Илинден трет

Доста се маки и страдања

Да го истераме окупаторот клет.

 Блесна, поведе борци

Кон нов симбол на слободата,

Храбри и силни,

Со љубов исполнети срца  и лица нивни.

 

Војникот оди напред и вее алово знаме,

Ги поведе сите на борбениот фронт со завет

За конечна слобода на македонскиот народ,

Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеe.

Рамо до рамо со сојузници силни

Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света

Се роди нов Илинден како оној од 1903-та.

Редици во недоглед, стоилјадни чети

Ја продолжија борбата за идеалите свети.

Tuesday, March 1, 2022

ПРОЧКА


Многу музика, многу радост

Кога сте кај нас на гости,

Полно е срцето со среќа

Денес е Прочка ако згрешив Прости.

Кажавте во еден глас внучиња наши,

Прости ни изговорија усните ваши.

 

КОГА СИ СТАР

Сонуваш за нежниот изглед,
За убавите очи
Што еднаш беа.
За брзата младост,
Безгрижна и мила.
За големата љубов,
За љубовта лажна.
Со тажен мрмор
Лицето го криеш,
Пред младоста побегната,
Пред телото без сила.
Кога си стар,
Годините се сиви.
Деновите во молба;
Да сме здрави,
Да сме живи.
Автор: Љубица Пулевски
(Член на МЛД Кочо Рацин, Мелбурн)



ТЕШКО ВРЕМЕ

Кој би помислил

На вакво тешко време.

Корења откорнуваат,

Цвеќиња овенуваат.

И после толку убивања
Нудат убедувања,

Дека цунамито

Мириса на роси,

Иако сѐ живо коси.

Вие правите чуда,

Господари на моќта.
Автор: Љубица Пулевски
(Член на МЛД Кочо Рацин, Мелбурн)

Monday, August 16, 2021

МОЛИТВА

 


Aвтор: 
Љубица Пулевски 
Незадоволни од слободата, 

Незадоволни од ширината 

На нашата планета, 

Се чувствувавме како заробени;

Од под исто сонце, 

Од под иста месечина

И под исти ѕвезди. 

Wednesday, August 4, 2021

ИЛИНДЕН


Автор: Оливера Јовановска

Биете камбани, славете Македонци

Спомнете ги славните јунаци,

Гоце Делчев, Питу Гули, Дамјан Груев, Сандански

Нашите славни комити.

 Животи свој не жалеа

За Македонија крвта ја пролеа,

1903 на Мечкин камен Македонско знаме

Високо се завиори,

Легендата за нив нема да се заборави.

Friday, October 11, 2019

МАКЕДОНЕЦ ДА СИ!


Автор: Гордана Димовска
Пладне есенско и сиво
Мајчини очи гледаат милно
Чедото  стои пред неа силно
За нерамна борба нестрпливо се спрема
Со чекори брзи заита кон ридот!
Не зажали за домот и мајката своја,
На прагот се сврте и вети
Земја ќе брани од тирани клети!
Мажи, жени и деца се најдоа таму
Чекорат смело а пукот и татнеж од сите страни
Одеднаш и глас се слушна: Останавме сами!
Ко најсветли ѕвезди од небото да беа
Изгаснаа за миг а живот не жалеа

11 ОКТОМВРИ

Автор: Љубица Поповска
Спомен за загинатите партизани и 
11-ти Октомври
Врз камените поли на
спомениците
испишани се имињата
на оние кои ја отворија
тешката порта на
Слободата а беа
вљубеници во неа.
Сите беа млади
борци,партизани
со штотуку зачекорен од
во утрините на животот.
Со сонце и верба
во мислите,
со љубов во срцето,
со визија испишана
пред нивните патеки
и Одот по Слободата.

Monday, July 8, 2019

СЛОВОТО СО КОЕ ГЛАГОЛИШ


Автор: Живко Деспотоски
На зборот дај му ја слободата
на делото не затворај му ја книгата,
остави го нека диши
и нека го примат тие што не го примиле.

Просветли ги, покажи им го патот
да не заскитаат по незнајни патишта,
словото со кое глаголиш
нека биде семе плодородно
и остави го, оплодувај го во писанието,
оти од пишаното не ќе куртулиш,
не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот
и по јазикот, исти сте во секое премерување.

Saturday, December 8, 2018

ВЕЗ


Силно светат, паѓаат
Тивко, нежно
Да не ја вознемират
И прекинат таа нишка,
Ја осветлуваат твојата вредна рака
Конци црвени, црни
И ред други бои
Ти не знаеш за мака
Продолжуваш да везеш
Твоето срце полно со љубов
Кој би можел тебе да не те сака?

ИМА ДОЛУ ЕДНА КРВ

Ацо Шопов


Има долу тешка една крв
од древноста чиниш останата.
Не се ни наѕира во врелите маглини на овој врв.
Лежи проколната како лузна врз раната.

Има долу една тешка крв. Има крв една.
Има една крв густа како црна смола.
Крв ненаситна и исконски жедна.
Има една стара крв, црна и гола.

Лежи она и рие како крт.
Оди од праг до праг, рие низ свеста.
Непогрешно и неизбежно како смрт
ги исполнува сите празнини и места.

Sunday, November 11, 2018

НА КИНИСУВАЊЕ

На кинисување
Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.
А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,
како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.
Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,

Tuesday, November 6, 2018

ИЗГУБЕН ПАТНИК


Еј патниче
Доаѓаш ли да останеш
Или на минување си?
Одот ти е забавен
Како почетокот на орото
На она нашето, тешкото.

Можеби не знаеш
Можеби не ме разбираш,
Јас сум Македонка
Ти зборувам на Македонски
А ти се чудиш
Ме гледаш, не зборуваш
Мислите ти одлутале пак
Ни сјајот на сончевиот
Зрак не може
Да го осветли твојот мрак.

ДЕНОВИ


Денови – Кочо Рацин
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

КНИГАТА ГИ ПОВРЗА ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И АВСТРАЛИЈА

„Македонскиот мајчин јазик е најубавиот јазик" и најблизок до срцата на Македонците.. Со широка насмевка на лицата и изразена благодар...