Sunday, August 28, 2022

НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НАЈНОВОТО ДЕЛО 'РАСЧЕРЕЧЕНИ ДУШИ МАКЕДОНСКИ"

 

"И не само што на повеќето ликови во расказите им се черечи душата,  се черечи и мојата душа. Под притисок на годините носталгијата се почесто извира од потсвеста и се вгнездува во мислите, чепка по емоциите и ги исполнува соништата. - Нове Младеновски 

Класичната Австралијска печалбарска шема “одам на неколку години, ќе спечалам пари и ќе се вратам во Татковината“ одамна е исчезната. И тие што планирале да останат само неколку години и оние што мислеле да останат подолго време, скоро сите останале за секогаш. Низ времето печалбарската приказна се трансформира во современа емигрантска приказна.

Првите неколку имигрантски години, по почетните културолошки, јазични и финансиски шокови, се години на учење на правилата на системот, учење на Англискиот јазик, пронаоѓање на нови пријатели, отпочнување на нов социјален живот, барање работа, барање сместување, и уште многу ситни и крупни нешта. По овој период настапува рутина - на работа па дома. Утредента, пак исто дома па на работа, и така во недоглед. Во меѓувреме си правите планови за иднината на семејството. 

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓор...