Незадоволни од ширината
На нашата планета,
Се чувствувавме како заробени;
Од под исто сонце,
Од под иста месечина
И под исти ѕвезди.
Кога кон небото гледавме,
Гледавме како да има обврска;
За воздухот,
За водата,
За топлината нежно да не гали,
И за сѐ што е потребно,
За живот да ни дари.
Сето ова го сфативме,
Како здраво за готово
И никогаш не се заблагодаривме;
За Слободното уживање,
На висините од планините.
За слободното движење,
По полињата и долините.
За непреченото лежење,
Крај езерата и океаните.
Ни за орото заиграно,
Со песни во меаните.
Без ваквите дарови,
Непроценливо важни,
Денес сме ЗАРОБЕНИ,
Осамени и тажни.
Во стапица сме Боже!
Во стапица сме СЕГА!
Во домови свои,
Заробени сме сите,
Во четири ѕида,
Ги броиме дните.
Од ѓаволот-вирус,
Душа што ни зема,
За твоите чеда,
Од светот да ги снема.
Во стапица сме
Боже!
Во стапица сме
СЕГА!
Со молитва силна од сите раси,
Те молиме за ПРОШКА!
Те молиме,
За родот човечки,
Во светот да се спаси.
Љубица
Пулевски
(Член на МЛД Кочо Рацин, Мелбурн)
No comments:
Post a Comment