Интересна е легендата за Гордиевиот јазол и врската со
Александар Македонски.
Приказната почнува со кралот Гордиј кој станал крал на
Фригија иако немал сина крв. Тој бил обичен селанец кој преживувал од
земјоделство со помош на своите волови и запрегата. Еден ден кога тргнал кон
своите ниви забележел како еден голем кралски орел постојно се обидува да
застане на неговата запрега. Каде и да појдел со запрегата орелот одел по него.
Гордиј во тој момент решил да се упати во најблискиот град и да побара совет од
тамошното светилиште. Отишол во градот Телмија фригијска. На влезот во
светилиштето сретнал една млада пророчница, која кога ги видела орелот и
запрегата со неговите волови му рекла веднаш да принесе жртва на Зевс.
Девојката го замолила да појде со него во градот, но откако Гордиј пред Зевс ќе
даде ветување дека ќе ја земе девојката за жена.
Во меѓувреме кралот на Фригија умрел од непознати причини
неоставајќи наследник, а локалниот пророк во тој миг објавил дека новиот крал
на Фригија ќе дојде заедно со својата невеста на воловска запрега.
Токму во тој момент Гордиј влегол на Агора-та (пазарот) пред
насобраните луѓе кои го очекувале својот нов крал. Кралскиот орел сеуште стоел
на запрегата потврдувајќи го изборот на новиот крал на Фригија. Откако Гордиј
станал крал, му ја оставил во завет својата запрега на богот Зевс. Тој
запрегата ја врзал за еден столб со величествен чвор за кој рекол. Оној кој ќе
го одврзе јазолот ќе биде идниот владетел на цела Азија.
Цел еден век никој неуспеал да го разврзе јазолот кој се
нарекувал ”Гордиев јазол”. Во 333 г. пне Александар Македонски ја покорил Мала
Азија. Тој со 23 години стигнал во Фригија. Во Фригија дошол како сеуште
непоразен војсководец. Дилемата била дали да ризикува и да навлече лоша среќа
врз својата фаланга ако не го разречи јазолот или не.
Александар се искачил на ридот каде била врзана запрегата.
Опкружен од голем број љубопитни Македонци и Фриги, тој ги прашал луѓето од
Храмот: ”Дали е битно на кој начин ќе го разврзам јазолот?” Кога добил одговор
дека е битно да се разврзе, тој молскавично го извадил мечот и со еден силен
удар по средина на јазолот го расекол на две, ослободувајќи ја запрегата на
Гордиј, од столбот за која тој ја беше врзал стотина години пред тоа. На тој
начин младиот Александар си го отворил патот за освојување на Азија. Вечерта
веднаш по подвигот на младиот крал од Македонија, на небото над Фригија имало
силна бура, а ноќта била исполнета со многу молњи и громови. Сето ова било знак
од небото и од Зевс дека се задовлолни од постапката на синот на Зевс, младиот
Александар.
Тоа е легендата. Но она што мене ми е интересно е еден друг
расплет на оваа приказна кој некаде го имам читано. Според него Александар не
го одврзал јазолот со силата на својот меч. Другата приказна вели дека само ги
фатил двата краеви на јазолот и ги повлеков во спротивните правци, левиот во
лево, десниот во десно и јазолот сам се отвори. Ако првата приказна зборува за
тоа дека со меч го разврза јазолот со меч ќе ја покори и Азија, ова второво
мене ми вели нешто друго. Во овој случај се послужил со итрина/мудрост,
веројатно научена кај големиот Аристотел. Ако бил навистина ваков епилогот
можеби во овој потег лежи објаснувањето зошто Александар не бил само уште еден
обичен тиран и сатрап кој ја покорил Азија туку, владетел со космополитски
погледи на светот кој уште тогаш создал држава- заедница од мноштво народи меѓу
кои и легендарните Фриги од кои почна целава работа.
this helps me with my homework
ReplyDelete