- Ништо не
е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Петре М. Андреевски)
- И мојата
душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)
- Ќе те
претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и
пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)
- Па
сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане
Тодоровски)
- Не иди,
зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)
- И ништо
не ми расправај, ништо не ме прашувај – да биде тишина... (Гого Ивановски)
- Дојди,
свои сме, јас – глад, а ти прекор, обајцата до корен она што сме. (Славко
Јаневски)
- Два
конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди
морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен. (Блаже Конески)
- Ги
расклопувам очите. Во мојата уста твоето име, наместо Господовото. (Кочо Рацин)
- Ќе ме
сотрат еден ден чинам или убавите жени или лошите вина. (Гане Тодоровски)
- Патував
долго, патував цела вечност, од тебе до мојата небиднина. (Ацо Шопов)
- Сама
себеси врата – сама себеси клуч. (Анте Поповски)
- Голапче
мало убаво, голапче златокрилесто, кога ти дојде при мене, кога в часот
побегна? (Константин Миладинов)
- Твојата
молбена закана, твојата лукавост нежна и сите твои слатки измами ги знам. (Ацо
Шопов)
- Ќе
влезам тивко, кротко ќе си седам крај тебе, во мракот втренчен да те гледам
сам. (Никола Вапцаров)
- Еден ден
ќе се сретнеме како бротче од хартија и лубеница што се лади во реката. (Никола
Маџиров)
- Го земам
твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по
тебе. (Кочо Рацин)
- Со благост те љубам
тогаш кога правиш сѐ за
No comments:
Post a Comment