Monday, July 20, 2020

ДУША МАКЕДОНСКА


Во Крушево

Срцето и душата
здивот и и песната,
тешкото на чекорите
погледите што милуваат,
орото, зурлите и гајдите
клекнување, станување.

Тежок ни е ритамот на тешкото
а уште потешко е,
да го играат туѓинци што не знаат
кој да ги води ороводците,
и уште потешко е
да пее на јазикот кој не го знае
зашто генот не му е македонски.

Овде, овде е тој корен со нишани
овде е крвта во жилите,
длабоко во земја македонска
овде никој не може да пее ни да плаче,
како што ние Македонците
умееме да пееме и плачеме.

Да се бунтуваме и да војуваме
со громовите, со огновите на змејовите,
на туѓи топовски зрна 
одалеку зариени во стапалата,
од нишан до истрел и пак не' има
во коренот што рти во земната татковина.

Автор: Живко Деспотоски
22 мај 1980

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...