Што значи зборот
уметност. Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година,
италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека под уметничко дело се
подразбира секој израз што е конкретизиризан во некој предмет што предизвикува
естетско задоволство и што е намерно изработен за таа цел. Најприфатлива дефиниција за поимот
уметност е човекочкото творење,
човековите креативни дејствија.
Уме – умеење, познавање на вештини и занаети, одраз
на убавото. Во денешно време уметноста се гледа
како да е луксуз кој служи само да се промовира во уметничи салони. Луѓето и во
праисторијата создавале неверојатни уметнички дела и никогаш не го
сфаќале тоа така. Уметност е кога таа допира до сетилата на човекот и без да
бидат признати авторите како уметници.
Абориџините како
австралиско домородно население, сликале на кора од дрво, на ткаенини и платно
и тоа во пустините. Нивната традиција се
смета за најстара во светот а нивните уметнички изразувања започнале уште пред
30 000 години.
Поимот поезија (создавање) е дефиниран како
уметничка форма, литература изразена
во стихови.
Во Антиката, Сократ
ја дал следнава дефиниција:
поетот е нешто лесно, крилато и свето - толкувач на божествата.
Поезијата е
посебна уметност, поетот со мал број на зборови подредени во стихови прави творби. Нејзината моќ е да ја изрази најубавата
форма на јазикот.
Гордана Димовска
This comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDeleteThis comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDeleteThis comment has been removed by a blog administrator.
ReplyDelete