Се подготвува нов документарен филм од Александар
Донски:

И.Т - Г-дине Донски, Вие тврдите дека во времето на Исус во
Светата Земја живееле Македонци и дека некои од библиските личности можеби
имале македонско потекло. Врз основа на што го тврдите ова?
Донски: Ова го тврдам врз основа на древните еврејски
извори, но за жал овие податоци се малку познати кај нас. Познато е дека
Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и
тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до
времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на
Александар, неговите наследници основале голема Македонска колонија во Светата земја која континуирано
егзистирала и во времето на Исус, но и потоа.