Мисли од францускиот писател Жан-Пол Сартр
„Можеби имало поубави времиња, но ова е нашето време.“
„Ти си – твојот живот и ништо повеќе.“
„Сѐ е откриено, освен тоа како да се живее.“
„Се чини дека сѐ што знам за мојот живот, го имам научено од
книги.“
„Животот започнува од другата страна на очајот.“
„Зборовите се наполнети пиштоли.“
„Како и сите сонувачи, јас го мешам разочарувањето со
вистината.“
„Човекот не може да направи ништо сѐ додека не сфати дека
тој не може да смета на никој освен на себеси; дека тој е сам, напуштен на
земјата среде неговите бескрајни одговорности, без помош и без никаква цел
освен онаа која тој самиот ја поставува и без ниту една друга судбина освен
онаа која самиот си ја создава на земјата.“
„Во љубовта, еден плус еден е еднакво на еден.“
„Мазни и насмеани лица насекаде, но тие имаат урнатини во
нивните очи.“
„Пекол – тоа се другите луѓе.“
„Ако си осамен кога си сам – тоа значи дека си во лошо
друштво.“
„Дали мислиш дека ги бројам деновите? Има само уште еден
ден: ни го даваат во зорите и ни го одземаат кога паѓа самрак.“
„Слобода е она што го правиме со тоа што ни е направено.“
„Подобро е да умреш на нозе отколку да живееш на колена.“
„Ние сме нашите избори.“
„Јас сум сам среде овие среќни и разумни гласови. Сите овие
суштества го трошат своето време објаснувајќи се, среќно сфаќајќи дека сите се
согласуваат. Господе, зошто е толку важно сите да ја мислат истата работа за
сите работи?“
„Навистина има многу обврски за да почнеш да сакаш некого.
Мора да имаш енергија, дарежливост, слепило. Има момент на самиот почеток кога
мораш да прерипнеш бездна: ако мислиш на тоа, нема да го направиш.“
No comments:
Post a Comment