Tuesday, November 6, 2018

ДЕНОВИ


Денови – Кочо Рацин
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

Роди се човек – роб биди
роди се човек – скот умри,
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само р’гај си
за себе маки тргај си –
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен.

КОЧО РАЦИН



No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...