Автор: Гордана Димовска
Пладне есенско и
сиво
Мајчини очи
гледаат милно
Чедото стои пред неа силно
За нерамна борба
нестрпливо се спрема
Со чекори брзи
заита кон ридот!
Не зажали за
домот и мајката своја,
На прагот се
сврте и вети
Земја ќе брани од
тирани клети!
Мажи, жени и деца
се најдоа таму
Чекорат смело а пукот
и татнеж од сите страни
Одеднаш и глас се
слушна: Останавме сами!
Ко најсветли
ѕвезди од небото да беа
Изгаснаа за миг а
живот не жалеа
Нивниот спомен е
посилен сега
Живее и грее во
секое срце
грее за мајката
тажна
грее за детето
силно
грее за борците
храбри
грее за земјата
родна!
Незнајни и знајни
јунаци наши
Гордост и чест е
Македонец да си!
Гордана Димовска
No comments:
Post a Comment