Македонското литературно друштво Кочо Рацин - Мелбурн ќе одржи промоција за две книги од Јагода Здравеска Котеска. Романот
Љубов по слика и биографско-етнографската сторија
Велика. Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември во просториите на
Yarra Plenty Regional Library (YPRL) - Mill Park Library од 14.30 - 16.30.Настан кој посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за овие две најнови дела на Јагода Здравеска - Котеска и да си набават примерок од книгите. Во романот преовладува тема од печалбарскиот живот на Македонците пред тргнување од родните огништа и по стигнувањето во новата земја во која се соочуваат со носталгија, осаменост, адаптирање на новиот живот. Преку ликовите во романот се отсликува мачната историја на македонскиот народ, страдањата, последиците од војната. Нејзината приказна се простира на 786 страници.
Книга Велика - Низ оваа етнографска сторија опишани се многу елементи од животот и
обичаите на семејството на нашата мајка и воедно на жителите од селата од
пелагонискиот крај.
Ова дело е вистинско
македонско етнографско богатство и ќе биде од голем интерес не само на
семејството, потомците и роднините на нашата мајка, туку за сите македонци
ширум светот кои сакаат да се запознаат и да научат нешто повеќе за македонската
култура од прва рака.
Дојдете и откриете го богатството кое се крие во овие две книги.
Промотори: Гордана Димовска и Крсте Наумовски - Мечкар
Читање на извадоци од книгите - Снежана Џамбазова Попорданова и Лидија Стојаноска
Музика - Ромео Макачовски - вокално инструментален солист на македонска староградска и забавна музика.
Влезот е слободен. Повелете, ве очекуваме.