Monday, October 31, 2022

ОКТОМВРИСКИ ПЛАМЕН





Автор: Гордана Димовска

 Се разгори нов пламен, Илинден трет

Доста се маки и страдања

Да го истераме окупаторот клет.

 Блесна, поведе борци

Кон нов симбол на слободата,

Храбри и силни,

Со љубов исполнети срца  и лица нивни.

 

Војникот оди напред и вее алово знаме,

Ги поведе сите на борбениот фронт со завет

За конечна слобода на македонскиот народ,

Во која секој ќе се радува и слободно ќе живеe.

Рамо до рамо со сојузници силни

Се бора смело, живот не жалеа за Македонија земја света

Се роди нов Илинден како оној од 1903-та.

Редици во недоглед, стоилјадни чети

Ја продолжија борбата за идеалите свети.

 

И ете ко вчера да беше, но и денес треба

Да осветли силен востанички оган

Да поттикне чувство

Да се разлее љубов

Да се распламти духот

Да се слушен гласот,

И одекне на сите страни

За тоа како земјата своја треба да се чува и брани.

Таа не е јаболко зрело

Од кое секој сака да се наслади и посака да го има цело.

Таа не е најубаво разиграно оро кое некој друг треба да  води

Ајде нов поттик нека се роди и Македонец оро да води.

Да се пее и твори за земјата славна,

Да продолжи херојски, со кренато чело,

Кон нови победи, себепочит и историска правда.

 

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...