Monday, November 19, 2018

ДА КОРИСТИМЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ЗБОРОВИ НАМЕСТО ТУЃИ

Зборови кои можат да ги заменат интернационализмите и англицизмите


фигурира - се користи, постои
практиката - примената
регулација - уредување
аспект - страна
нормата - правилото
трендот - настроеноста
контакт - поврзаност
сумира - собере
ревидира - преправи
магацин - складиште, склад

Saturday, November 17, 2018

ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО "КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН СО САЕМ НА КНИГАТА

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!
"Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?
Или сонцето не свети за сите, исто така?
Зар не го дишеме воздухот сите еднакво?
Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?
Со овие стихови на Свети Кирил се отвори Саемот на книгата 2018 кој го организира МЛД “Кочо Рацин” Mелбурн во библиотеката во Мил Парк. Потоа следуваа и поеми од Кочо Рацин, Крсте Наумовски, и Љубица Поповска прочитани од Крсте Наумовски и Весна Дамчевска.
Саемот на книгата се одржува секоја година во чест на Свети Кирил и Методиј кој воедно е и потсетување на значајноста на нивната величенствена мисија, во просветувањето на народот и создавањето на првата азбука.

ОД СВЕТОТ НА ЛИТЕРАТУРАТА

Интересни факти од светот на литературата: 


1. Се верува дека најстарата книга во светот е стара повеќе од 2500 години. Таа се нарекува Баккара книга и е напишана на етрурски јазик, која сега е исчезната. Се состои од 6 страници, испечатени на чинии од чисто злато.

2. Бидете внимателни што читате! Научниците открија дека љубителите на уметничката литература потсвесно ги прифаќаат карактеристиките на ликовите на измислените ликови од книгите и се однесуваат како ликовите што ги идентификуваат. 
 3. "Codex Leicester", од Леонардо Да Винчи е најскапо научно списание, продадено за 30,8 милиони долари.
4. Најдолга книга во светот:
‘A la recherche du temps perdu’ (Во потрага по изгубеното време) од Марсел Пруст е најдолгата книга во светот со 9.609.000 знаци. Книгата раскажува за случувањата на писателот во текот на неговото растење.
5. Најдолга реченица од 823 зборови е забележана во романот на Виктор Иго - Les Miserables

Friday, November 16, 2018

КОНТАКТ


Contact the Association on our email: mld.kocoracin@mail.com
Mobile: 0423 496 821 (Gordana)
Mobile: 0488 001 946 (Nove)

Thursday, November 15, 2018

ДА КОРИСТИМЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ЗБОРОВИ НАМЕСТО ТУЃИ

Практично - применливо
економија - стопанство
историја - минато
комбиниран - измешан
лектор - стручњак за правопис
магазин - списание
локално - месно 
колумна - статија
контакт -поврзаност
лексикон - толковник

Sunday, November 11, 2018

НА КИНИСУВАЊЕ

На кинисување
Позапри, мајко, затрај се,
доста ме, леле, испраќа,
доста си солзи излеа
по тија пусти патишта.
А туку, мајко, погледај,
погледај, леле, послушај,
како ми пилци запреа
песни сред пролет радосна,
како ми вода затраа,
темни ми карпи писнаа,
а гора лисја пророни
од твојте тажни гласови.
Јас, мајко, тргнав, заминав,
куса си пушка нарамив,

ЉУБОВНИ ЦИТАТИ ОД НАШИ ПИСАТЕЛИ

- Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство. (Петре М. Андреевски)
- И мојата душа нека биде твоја, а мое да биде твоето лице. (Ацо Караманов)
- Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња, ќе те љубам и губам и во пости и пред гости, само да ме сакаш. (Петре М. Андреевски)
- Па сепак, окото и увото се праг на надежта, што она ја засолнила. (Гане Тодоровски)
- Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам. (Блаже Конески)

ДЕЛА ОД ПОЗНАТИ ПИСАТЕЛИ

ЕВГЕНИЈА ГРАНДЕ - ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК
Евгенија Гранде е уште едно ремек - дело на францускиот реалист Оноре де Балзак кој зборува за љубовта, алчноста, семејните врски како и перфидноста со која се одликуваат личностите во овој роман.
Феликс Гранде е борат трговец од францускиот град Сомир, кој се збогатил брагодарејќи на неговото инвестирање во претходно добро проверените бизниси. Така тој станува почитувана личност, кој го ужива престижот да биде почесен граѓанин меѓу малодушните луѓе во малиот град.
Тој се жени за ќерката на богатиот стопан де ла Бертелиер со која ја имаат ќерка Евгенија...

ЛЕГЕНДА ЗА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ


Интересна е легендата за Гордиевиот јазол и врската со Александар Македонски.
Приказната почнува со кралот Гордиј кој станал крал на Фригија иако немал сина крв. Тој бил обичен селанец кој преживувал од земјоделство со помош на своите волови и запрегата. Еден ден кога тргнал кон своите ниви забележел како еден голем кралски орел постојно се обидува да застане на неговата запрега. Каде и да појдел со запрегата орелот одел по него. Гордиј во тој момент решил да се упати во најблискиот град и да побара совет од тамошното светилиште. Отишол во градот Телмија фригијска. На влезот во светилиштето сретнал една млада пророчница, која кога ги видела орелот и запрегата со неговите волови му рекла веднаш да принесе жртва на Зевс. Девојката го замолила да појде со него во градот, но откако Гордиј пред Зевс ќе даде ветување дека ќе ја земе девојката за жена.

Tuesday, November 6, 2018

ИЗГУБЕН ПАТНИК


Еј патниче
Доаѓаш ли да останеш
Или на минување си?
Одот ти е забавен
Како почетокот на орото
На она нашето, тешкото.

Можеби не знаеш
Можеби не ме разбираш,
Јас сум Македонка
Ти зборувам на Македонски
А ти се чудиш
Ме гледаш, не зборуваш
Мислите ти одлутале пак
Ни сјајот на сончевиот
Зрак не може
Да го осветли твојот мрак.

СООПШТЕНИЕ




Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин од Мелбурн ќе одржи литературно читање насловено како Мојата омилена приказна. Ги покануваме заинтересираните од сите возрасти да се пријават за читање на нивна омилена приказна, извадок од омилена книга или поетска творба.
Во едукативната програма ќе имаме активност: Од буква до буква азбука со цел најмладите да се запознаат со македонската азбука преку боење, пишување и изговарање.
Следуваат и награди за најмладите кои најдобро ќе ги прочитаат своите избрани творби.
Настанот ќе се одржи Четврток на 29 Ноември во библиотеката во Мил Парк од 6.00 – 10.00 навечер.

ДЕНОВИ


Денови – Кочо Рацин
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.
Денови ли се – денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
Дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси –
ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!

ЗОШТО Е ДОБРО ЧИТАЊЕТО


Читањето на било која литература, може да го прошири твоето разбирање за светот. Оние кои читаат, се познати дека имаат повеќе развиени мозоци од оние кои претпочитаат повеќе пасивни активности, па секој кој сака да го подобри својот ум и психички и когнитивно, би требало да размисли да ја зголеми навиката за редовно читање.

Зошто да читаме?
 1. ДА СЕ РАЗВИВААТ НАШИТЕ ВЕРБАЛНИ СПОСОБНОСТИ
Оние што читаат имаат тенденција да имаат поинаков спектар на зборови за да го изразат начинот на кој тие се чувствуваат и да ја пренесат својата поента. Колку повеќе читаме толку повеќе го збогатуваме нашиот вокабулар и користиме во секојдневниот живот како вешти комуникатори.
2. ГО ПОДОБРУВА НАШИОТ ФОКУС И КОНЦЕНТРАЦИЈА
За разлика од читање на блог постови и новинарски статии, седнувајќи со книга в рака, потребен е подолг период на фокусирање и концентрација што е малку тешко да се направи на почетокот. Да се ​​биде целосно ангажиран во една книга, потребно е затворање од надворешниот свет и внесување во текстот, кој со текот на времето ќе го зајакне нашиот распон на внимание.

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...