Tuesday, November 6, 2018

ИЗГУБЕН ПАТНИК


Еј патниче
Доаѓаш ли да останеш
Или на минување си?
Одот ти е забавен
Како почетокот на орото
На она нашето, тешкото.

Можеби не знаеш
Можеби не ме разбираш,
Јас сум Македонка
Ти зборувам на Македонски
А ти се чудиш
Ме гледаш, не зборуваш
Мислите ти одлутале пак
Ни сјајот на сончевиот
Зрак не може
Да го осветли твојот мрак.


Години и векови минаа
Врвици, колони од луѓе
Мајки страдни, жални останаа
За чедата свои
Кои во војна за родната земја
кои по белиот свет,
останавме сами,
Чемер и јад остана в душа
Ни име не ни се знае веќе
Од крвожедни волци
Не сардисаа од сите страни.

И ене, погледај таму
Темен облак се зададе пак
Везилката престана да везе
Тешкото стана најтешко
Денови не се веќе денови
А ѓерданот натежна на гради.

И народот трпи, трае, трепери
И чекорот му стана тежок
И погледот сив и нем
Исто како твојот
Ете ќе падне, се измори веќе.
Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...