Sunday, November 11, 2018

ДЕЛА ОД ПОЗНАТИ ПИСАТЕЛИ

ЕВГЕНИЈА ГРАНДЕ - ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК
Евгенија Гранде е уште едно ремек - дело на францускиот реалист Оноре де Балзак кој зборува за љубовта, алчноста, семејните врски како и перфидноста со која се одликуваат личностите во овој роман.
Феликс Гранде е борат трговец од францускиот град Сомир, кој се збогатил брагодарејќи на неговото инвестирање во претходно добро проверените бизниси. Така тој станува почитувана личност, кој го ужива престижот да биде почесен граѓанин меѓу малодушните луѓе во малиот град.
Тој се жени за ќерката на богатиот стопан де ла Бертелиер со која ја имаат ќерка Евгенија...

МАЈКА - ПЕРЛ БАК
Одамна немам напишано статија, но не можам, а да не напишам статија за оваа книга - МАЈКА од ПЕРЛ БАК. Не можам, а да не ги споделам чувствата од овој фасцинантен роман на Бак, роман кој воодушевува, кој плени од плејадата на зборови опишувајќи една тажна приказна, приказна за една мајка која својот живот го минува во едно мало село во близината на Кина.
Најтоплиот роман кој го имам прочитано е токму овој роман. Роман во кој авторката не спомнува ниту едно име, роман во кој читателот вртејќи лист по лист, голтајќи го секој испишан збор, не може, а да не почувствува голема грутка во грлото и да не пушти солза. Солза поради тоа што сочувствува со мајката во романот, поради оваа книга полна со пожртвуваност, сиромаштија, макотрпност и исцрпеност.

КАПЕТАНОВАТА ЌЕРКА - АЛЕКСАНДАР ПУШКИН
Автор Тодоровска
Капетановата ќерка - Александар Пушкин

„Капетановата ќерка“ на Александар Сергеевич Пушкин е првиот реалистичен роман кој се појавува на руската книжевна сцена. Напишан е во 1836 година, непосредно пред смртта на овој голем руски лиричар, раскажувач и драмски писател.

Самиот Пушкин за својот роман има напишано: „Овој роман ќе го исполни залезот на мојот живот, а тајните маки на злосторството во него нема страсно да ги прикажам, туку просто ќе ви ги раскажам преданијата на руското семејство, љубовта на убавите соништа и обичаите на нашето минато“.
Пушкин е инспириран од историските околности во Русија во периодот на втората половина на 18от век.


No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...