Monday, July 20, 2020

ДУША МАКЕДОНСКА


Во Крушево

Срцето и душата
здивот и и песната,
тешкото на чекорите
погледите што милуваат,
орото, зурлите и гајдите
клекнување, станување.

Тежок ни е ритамот на тешкото
а уште потешко е,
да го играат туѓинци што не знаат
кој да ги води ороводците,
и уште потешко е
да пее на јазикот кој не го знае
зашто генот не му е македонски.

Овде, овде е тој корен со нишани
овде е крвта во жилите,
длабоко во земја македонска
овде никој не може да пее ни да плаче,
како што ние Македонците
умееме да пееме и плачеме.

Да се бунтуваме и да војуваме
со громовите, со огновите на змејовите,
на туѓи топовски зрна 
одалеку зариени во стапалата,
од нишан до истрел и пак не' има
во коренот што рти во земната татковина.

Автор: Живко Деспотоски
22 мај 1980

Thursday, January 2, 2020

УМЕТНОСТ


Што значи зборот уметност. Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека под уметничко дело се подразбира секој израз што е конкретизиризан во некој предмет што предизвикува естетско задоволство и што е намерно изработен за таа цел. Најприфатлива дефиниција за поимот уметност е човекочкото творење, човековите креативни дејствија.
 Уме – умеење, познавање на вештини и занаети, одраз на убавото. Во денешно време уметноста се гледа како да е луксуз кој служи само да се промовира во уметничи салони. Луѓето и во праисторијата создавале неверојатни уметнички дела и никогаш не го сфаќале тоа така. Уметност е кога таа допира до сетилата на човекот и без да бидат признати авторите како уметници.

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...