Многу музика, многу радост
Кога сте кај нас на
гости,
Полно е срцето со
среќа
Денес е Прочка ако
згрешив Прости.
Кажавте во еден глас
внучиња наши,
Прости ни изговорија усните ваши.
Од памтивек останаа
адети стари
За Прочка
јајце да се вари,
На внучиња да се дади
Во џеб паричка да се
стави.
На баба и дедо рака
се бакнува
Лимон и портокал им
се дарува,
Прочка од нив се проси,
Лоша дума никој во
срце да не носи.
Внучиња мили чувајте
и негувајте адети стари
Не бидете алчни за
злато и пари
Благослов од Бога в
домот ваш да цари,
Живеете во ова чудно
време
Не дозволувајте
модата
Во заблуда да ве обземе.
Автор: Оливера Јовановска
(Член на МЛД Кочо Рацин Мелбурн)
Author: Olivera Jovanovska (Member of MLA Koco Racin, Melbourne)
No comments:
Post a Comment