Измина уште една
година во која продолжи нашата мисија во промовирање на нови литературни дела
на нашиот Саем на книгата. Посебен акцент се стави на вклученост на поголем
број читатели и љубители на македонската поезија и проза во литературното
читање.
Вклученост на
најмладите деца во нашата програма Од буква до буква азбука која им дава
можност на сите деца да се запознаваат со македонските букви и да изразат желба
за изучување на македонскиот јазик. Од огромно значење е постоењето на
литературното друштво кое преку организирање на саем на книгата, литературни
читања, фестивал на писатели, Македонски фестивал на храната, наоѓа пат до
македонската публика да ја поттикне се повеќе љубовта кон пишаниот збор, кон
книгата и убавата поезија и проза.
Воедно им се дава значење и почит не само на
делата туку и на македонските авторите некогаш и денес. 

Среќна и весела нова 2019
година и благословени Божиќни празници. Да ве прати со многу здравје и љубов.
Нека ни биди со мисла за зачувување на македонската култура, историја и јазик.
Вечна да ни биди Македонија и Македонскиот народ. - Вера Пачешкоска Трајкоска
Членовите на МЛД Кочо Рацин, Мелбурн, ви ја честитаат Новата 2019 година и ви посакуваат се најубаво во истата. Многу среќа, радост, љубов мир и просперитет.
Повеќе фотографии од членовите и активностите

Please support our voluntary activities by becoming a member or follow us by clicking follow on this page.
contact any of our members or Gordana on mob: 0423 496 821
email :mld.kocoracin.@mail.com
Thank you
No comments:
Post a Comment