Силно
светат, паѓаат
Тивко, нежно
Да не ја
вознемират
И прекинат
таа нишка,
Ја
осветлуваат твојата вредна рака
Конци
црвени, црни
И ред други
бои
Ти не знаеш за мака
Продолжуваш да везеш
Твоето срце полно со љубов
Кој би можел тебе да не те сака?
Изнареди бои и зборови силни
Еве при крај си со оваа везба
Не заборави да ставиш и извезеш
Зборови со најубава црвена боја
Еве ја испиша и желбата твоја:
Вечно да се слави името твое
За тебе земјо љубов гори
Голема и силна
Како илинденски оган.
Од срцата на милиони
Македонци, мажи, жени, деца
Во родината но и во светот
Споменот на Филип, Александар
На нашите борци, поети
Твоето име најсилно свети.
Таа убост твоја со ничија не е рамна
Извезе знаме, за Гоце, за Даме
За Филип и Александар
Песна исконска, заветна
За Македонија наша ВЕЧНА.
Aвтор: Гордана Димовска
No comments:
Post a Comment