Monday, December 9, 2019

МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА Е ДРАГОЦЕНО ЈАЗИЧНО БОГАТСТВО



МЛД Кочо РацинМелбурн, создава и афирмира дела на мајчин Македонски јазик

Литературата е уметничко јазично творештво на еден народ. Многу дела во литературата создаваат силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или пораките што ги пренесуваат. Таа е дефинирана како тело на пишани дела на јазик, период или култура, произведени од научници и истражувачи, специјализирани за одредена област. Читањето на добри литературни дела, е еквивалетно со давање на можности за најдобро образование. Доколку има недостаток на изложеност на добра литература се губи и можноста да се напредува.

Saturday, December 7, 2019

ЦИТАТИ ЗА ЛИТЕРАТУРАТА

Целта на книжевноста е да се зачуваат приказните затоа што лесно исчезнуваат. Литературата е потребна и трае со времето.
Литературата е израз на мислите на општеството. Книгите се сведоци на една ера, кои го чуваат духот и генијалноста.
Круната на книжевноста е поезијата.
Литературата е местото каде што ги истражуваме највисоките и најниските места во човечкото општество, човечкиот дух.
Литературата е луксуз; фикција е неопходност.

Wednesday, November 6, 2019

ВO СИДНЕЈ ПРЕМИЕРА НА ТЕАТАРСКАТА ПРОДУКЦИЈА БАБА БЕГАЛКА

          
Минатата недела на 3 ноември во театарот St George Bank Auditorium во Kogarah (предградие на Сиднеј), Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со австралискиот хор Georges River Voices успешно на сцена ја постави двојазичната музичка комедија „Баба бегалка“ од драматургот Душан Ристевски. Режијата беше на Душан Ристевски и Лара Мабеи, а музички директор и аражманот на хорските песни беше на Мари Ле Брун.
 Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба.

Thursday, October 17, 2019

НОВ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ НА АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ


Се подготвува нов документарен филм од Александар Донски:
 ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ВО ВРЕМЕТО НА ИСУС ЖИВЕЕЛА ГОЛЕМА КОЛОНИЈА МАКЕДОНЦИ!

Во продукција на: Австралиско-Македонскиот театар од Сиднеј почнаа подготовките за снимање на најновиот историски документарен филм од Александар Донски под наслов „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“. Ја искористивме оваа прилика за разговор со авторот.
И.Т - Г-дине Донски, Вие тврдите дека во времето на Исус во Светата Земја живееле Македонци и дека некои од библиските личности можеби имале македонско потекло. Врз основа на што го тврдите ова?
Донски: Ова го тврдам врз основа на древните еврејски извори, но за жал овие податоци се малку познати кај нас. Познато е дека Македонците делумно или целосно владееле со Светата земја околу 270 години и тоа од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски, па се до времето од само неколку децении од раѓањето на Исус Христос. По смртта на Александар, неговите наследници основале голема Македонска колонија  во Светата земја која континуирано егзистирала и во времето на Исус, но и потоа.

Friday, October 11, 2019

МАКЕДОНЕЦ ДА СИ!


Автор: Гордана Димовска
Пладне есенско и сиво
Мајчини очи гледаат милно
Чедото  стои пред неа силно
За нерамна борба нестрпливо се спрема
Со чекори брзи заита кон ридот!
Не зажали за домот и мајката своја,
На прагот се сврте и вети
Земја ќе брани од тирани клети!
Мажи, жени и деца се најдоа таму
Чекорат смело а пукот и татнеж од сите страни
Одеднаш и глас се слушна: Останавме сами!
Ко најсветли ѕвезди од небото да беа
Изгаснаа за миг а живот не жалеа

11 ОКТОМВРИ

Автор: Љубица Поповска
Спомен за загинатите партизани и 
11-ти Октомври
Врз камените поли на
спомениците
испишани се имињата
на оние кои ја отворија
тешката порта на
Слободата а беа
вљубеници во неа.
Сите беа млади
борци,партизани
со штотуку зачекорен од
во утрините на животот.
Со сонце и верба
во мислите,
со љубов во срцето,
со визија испишана
пред нивните патеки
и Одот по Слободата.

Monday, July 8, 2019

СЛОВОТО СО КОЕ ГЛАГОЛИШ


Автор: Живко Деспотоски
На зборот дај му ја слободата
на делото не затворај му ја книгата,
остави го нека диши
и нека го примат тие што не го примиле.

Просветли ги, покажи им го патот
да не заскитаат по незнајни патишта,
словото со кое глаголиш
нека биде семе плодородно
и остави го, оплодувај го во писанието,
оти од пишаното не ќе куртулиш,
не ќе се скриеш, ќе те најдат по говорот
и по јазикот, исти сте во секое премерување.

Sunday, April 7, 2019

САЕМ НА КНИГАТА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Настанот се одржува со цел да се оддаде почит кон мисијата на Светите Кирил и Методиј, да не се зборави важноста на писмото и книгата кои се неприкосновен дел од нашата историја, нашиот корен, нашиот идентитет. Во чест на Свети Кирил и Методиј, Македонското Литературно Друштво Кочо Рацин Мелбурн организира Саем на книгата. Настанот ќе се одржи на 18 април, од 19.00 до 22.00 во просториите на библиотеката во Мил Парк. Покрај големиот избор на книги за сите возрасти, ќе се презентира и антологијата Ѕуница која беше издадена по повод 40 годишнината од постоењето на МЛД Григор Прличев, Сиднеј. За најмладите ќе има подготвени и активности со буквите од македонската азбука - Од буква до буква - азбука. Овој настан се одржува со цел да се оддаде почит кон мисијата на Светите Кирил и Методиј, да не се зборави важноста на писмото и книгата кои се неприкосновен дел од нашата историја, нашиот корен, нашиот идентитет. Од друштвото ве повикуваат сите да учествувате во чествувањето и да се дружите со книгата.. Нека се јават сите заинтересирани кои сакаат да читаат поезија. Пријавете се кај Гордана на моб 0423 496 821  или Нове на моб  0488 001 946. 

Tuesday, April 2, 2019

СРЕДБА НА ТИМОТ НА МЕГА ХИТОТ „ВЕЛАТ НЕ НЕМА “

На најуспешните концерти на Дамјан Стојановски, Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски во Мелбурн Австралија дојде и до средба со текстописецот на големиот хит Велат не нема, Крсте Наумовски - Мечкар и Тоде Новачески (музика) од Мелбурн. 
Голема е радоста меѓу присутните кога директно од Македонија доаѓаат наши интерпретатори и најубаво ги пренесуваат емоциите низ песните за Македонија.
Заинтересираноста за концертите е голема а посебно кога станува збор за толку успешни интерпретатори. 
Нека се пее, нека се пишува, нека бидат делата трајни сведоштва...до каде има Македонци, ќе постои и Македонија и македонштината...концерти организирани од АМД "НИКОЛА КАРЕВ" МЕЛБУРН


Friday, March 8, 2019

ЧЕСТИТ ОСМИ МАРТ

Честитки по повод Интернационалниот Ден на жената, 8-ми март од МЛД „Кочо Рацин“ Мелбурн.

Пишува: Вера Горгиевска 
Член на литературното друштво „Кочо Рацин“ Мелбурн.

 По повод Интернационалниот ден на жената, 8-ми март, треба да и оддадеме почит на жената, да ја прославиме нејзината храброст и одлучност со која се изборила за своите права за еднаквоста со мажите, за мир, сигурност и потполно почитување на човековите права. Жената која е централна личност во Обединетите нации, која допринесува околу социјалните,економските и политички предизвици околу целата земјина топка. Имено, жената како жена е таа што го носи потомството, а како мајка што е најважно да се потенцира, го носи на свет своето чедо. 
Таа е домаќинка се грижи за целото семејство од почеток па се до нејзиното заминување.Дали тоа било во добри или лоши услови, се бори пожртвувано. Жената меѓу другото се изборила и достигнала да доживее да биде претседател на држава, астронаут, доктор, новинар, да работи во разни институции и администрации, да биде писател, врвен политичар, учесник во НОБ, шеф во кујна. Таа е која ја носи модата на модните писти, таа е моден креатор каде секоја жена може да се чувствува модерно и исполнето. Таа обавува и редица други активности кои и даваат уште поголема вредност. Но да оставиме делата да зборуваат, пишуваат и сведочат за нејзината непроценлива вредност и заземање значајно место во општеството. И затоа мои ценети жени, мајки, пријателки да се гордееме што сме жени и да го славиме денот кој е непровторлив и не заборавајте, секој ден од животот да го претвориме во наш најубав ден.

Friday, February 15, 2019

КНИГАТА


Книгата е огледало на човековата душа, светлина која сее знаење и тивко, нечујно навлегува во сечиј живот. Вешто ги открива и развива човековите скриени мечти, копнежи, чувства, раскажува за настани од минатото кои само таму ќе имаат трајно место и иднина.
Македонско Литературно Друштво „КОЧО РАЦИН“ МЕЛБУРН

Започнуваме со работа на 19 февруари 2019

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...