Friday, March 8, 2019

ЧЕСТИТ ОСМИ МАРТ

Честитки по повод Интернационалниот Ден на жената, 8-ми март од МЛД „Кочо Рацин“ Мелбурн.

Пишува: Вера Горгиевска 
Член на литературното друштво „Кочо Рацин“ Мелбурн.

 По повод Интернационалниот ден на жената, 8-ми март, треба да и оддадеме почит на жената, да ја прославиме нејзината храброст и одлучност со која се изборила за своите права за еднаквоста со мажите, за мир, сигурност и потполно почитување на човековите права. Жената која е централна личност во Обединетите нации, која допринесува околу социјалните,економските и политички предизвици околу целата земјина топка. Имено, жената како жена е таа што го носи потомството, а како мајка што е најважно да се потенцира, го носи на свет своето чедо. 
Таа е домаќинка се грижи за целото семејство од почеток па се до нејзиното заминување.Дали тоа било во добри или лоши услови, се бори пожртвувано. Жената меѓу другото се изборила и достигнала да доживее да биде претседател на држава, астронаут, доктор, новинар, да работи во разни институции и администрации, да биде писател, врвен политичар, учесник во НОБ, шеф во кујна. Таа е која ја носи модата на модните писти, таа е моден креатор каде секоја жена може да се чувствува модерно и исполнето. Таа обавува и редица други активности кои и даваат уште поголема вредност. Но да оставиме делата да зборуваат, пишуваат и сведочат за нејзината непроценлива вредност и заземање значајно место во општеството. И затоа мои ценети жени, мајки, пријателки да се гордееме што сме жени и да го славиме денот кој е непровторлив и не заборавајте, секој ден од животот да го претвориме во наш најубав ден.

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...