МЛД “Кочо Рацин” Мелбурн, создава и афирмира дела на мајчин Македонски јазик
Литературата е
уметничко јазично творештво на еден народ. Многу дела во литературата создаваат
силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или
пораките што ги пренесуваат. Таа е дефинирана како тело на пишани дела на
јазик, период или култура, произведени од научници и истражувачи,
специјализирани за одредена област. Читањето на добри литературни дела, е
еквивалетно со давање на можности за најдобро образование. Доколку има
недостаток на изложеност на добра литература се губи и можноста да се
напредува.
Читањето на добри литературни дела е од суштинско значење во
секоја фаза од животот, бидејќи тоа не збогатува на повеќе начини не само еден.
Литературата дефинитивно е многу повеќе од нејзиното книжевно значење, кое го
дефинира како "познавање на букви". Всушност, тоа го поставува
темелот на исполнет живот. Додава "живот" на "живеењето".
Литературното
друштво “Кочо Рацин” од Мелбурн вредно создава и афирмира
македонски дела во Австралија. Во дел од активностите и остварувањето на
мисијата е и одржувањето на Саем
на книгата, со цел да се промовираат нови дела, да се истакне
значајноста на македонскиот убав збор и поттикнат читателите да бидат во
контакт со книгата и знаат нејзината вредност. Оваа година ја одбележаа со
промоција на Одблесоци од минатото од
Гордана Димовска, излегување од печат на најновиот роман од Нове
Младеновски Инаетџијата Нов (промовиран во Македонија), најновите книги од
Љубица Поповска Светлини, Видици и во исчекување на Немири,
добивање на голем број награди на литературните конкурси во Австралија и
Македонија. Посебно успешно и значајно за Македонската заедница е организирањето
на литературно читање Приказни за родниот крај во склоп на
Фестивалот на писателите, Мил Парк, на кое треба да земат учество поголем број
Македонци со цел да се одржува и негува македонскиот јазик и да се доближува до
новите генерации Македонци. За поздравување е и поддршката со учество на
промоцијата на истакнатиот писател, поет, драматург, Душан Ристевски од Сиднеј
како и поддршката на иницијативата на манифестацијата Антево перо да се именува
улица или објект во Македонија на Анте Поповски.
На сите наши членови
и поддржувачи им ги честитаме новогодишните и Божиќни празнувања и посакуваме
љубов, среќа, мир и просперитет.
Отворени сме и за
нови членови кои ја сакаат македонската литература и ќе не поддржат во нејзино
афирмирање.
Посетете го
нашиот блог: www.mldkocoracin.blogspot.com или фејсбук страницата https://www.facebook.com/Macedonian-Literary-Association-Koco-Racin-Inc-Melbourne-2141946885860621/?modal=admin_todo_tour
Контакт броеви: Гордана, 0423 496 821, Нове
0488 001 946
No comments:
Post a Comment