Friday, February 24, 2023

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа.

Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓорги Парго се истакнале со своите историски дела.

Основното образование го почнал во родното село, но откако училиштето сe затворило, продолжил да оди во Царев Двор, со својот другар Владе Шарковски, секој ден и по студ и по невреме преку Езерени, пешки по десеттина километри кон Царев Двор и назад.

Се истакнал со бистрина и највисоки оценки поради што редовно и бил пофалуван од наставниците и од директорот на училиштето Ѓорги Прцуловски, кој понатаму го смета за свој доживотен пријател.

Детството го поминал и на училиште и на нива, биле тоа години кога во помагање на семејството биле вклучени и тој и помалите сестри Златка и Лепа.

Средно училиште тргнал да учи во Битола, но по две недели поминати таму го предомислил неговиот татко Лазар, за да биде поблиску до него, тој тогаш работел во "Гранит" како надгледувач на изградба на патот Ресен - Охрид.

Се запишал во гимназијата "Свети Климент Охридски", се сместил во интернат.

Во тоа време ги запознава другарите Иван Голабоски, Јане Ангеловски, Наум Бурназ, Николина Котушевска, Лазар Петковски, Елена Петровска, Васил Костојчиновски, Нијази Лиманоски, за кои секогаш зборува со радост.

Wednesday, February 22, 2023

МЛД "Кочо Рацин" Мелбурн ќе ја промовира „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ од авторката Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска


Во организација на македонското литературно друштво "Кочо Рацин "од Мелбурн, во сабота, на 25 ти март, 2023 година со почеток во 13.00 часот, во Mill Park Library (394 Plenty Road, Mill Park,VIC), ќе се одржи промоција на најновата мотивациска книга за личен развој „Да се живее поинаку: Како да се ослободите од егото и да го реализирате својот божествен потенцијал (Книга Трета)“ од авторката  Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска. 

Оваа книга го истражува егото како главна препрека за постигнување на постојан мир, трајна среќа и вечно блаженство. Исто така, книгата нуди научно засновани техники и клинички докажани стратегии кои ќе ви помогнат целосно да се ослободите од егото, да постигнете смирена состојба на умот и да го реализирате целиот свој потенцијал во животот.

 Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска е доктор на медицина и доктор на психолошки науки. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевтски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Др Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест.

Др Попорданоска е исто така основач на организацијата „AnotherWay – Life Education” која е едукативна и хуманитарна невладина организација за личен развој со седиште во Мелбурн. Визијата на оваа организација е да ги разбуди вистинските човечки вредности меѓу луѓето, да ја зголеми колективната свест и да донесе позитивни промени во светот. За повеќе информации посетете ја веб страната: www.anotherwayeducation.org

Споделете ја оваа информација со вашите пријатели.




 

"МAКЕДОНИЈО ГОРДОСТ МОЈА!" - ЃОРЃИ ЃОРГИЕВСКИ

ЃОРГИ ЃОРГИЕВСКИ, Ѓе.Ѓе., е роден на 3 мај 1939 година во село Подмочани, Преспа. Потомок е на револуционери, татко му Лазар и дедо му Ѓор...