Saturday, December 1, 2018

"МЛД КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН СО НОВО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ

СВОЕВИДНА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО АВСТРАЛИЈА
Mакедонското литературно друштво Кочо Рацин, Мелбурн, крајот на годината го одбележа со Литературно читање одржано на 29 Ноември во библиотеката во Мил Парк. Читањето беше наречено Мојата омилена приказна а во чиј склоп се одржа и едукативна програма за деца Од буква до буква – азбука.
Членовите на дурштвото избраа да читаат омилени приказни, поеми, драми, извадоци од романи на Македонски и Англиски. Навистина беше вистинско уживање да се слушне нешто од првите македонски драмски писатели ( Ристо Крле - Антица –), расказ за грабнувањето на Калина од турскиот аскер и нејзиното проштално писмо до мајка и, дел од современиот роман на Сашо Димоски (Алма Малер), мемоари од книгата на Андон Дончевски, прекрасно прозвучија и авторски поеми и четива  од Вера Горгиевска, Крсте Наумовски (Грамотник), заедно со Дона ја прочитаа и поемата Јагула од Анте Поповски, Стеван Ацески (Солунски браќа). Прекрасни настапи имаа и гостите кои се пријавија да читаат: Танас Петрин со поеми од неговиот татко: Деца бегалци, Песна за Нерет и Крушевската република, Василка Патерас (Празнина и Невена), Вера Мажеска (Тга за југ и свои поеми), Сашка Ставреска (Македонец да си), Розита Груевска (Не дај боже). За првпат настапи и Адриан Горгиевски кој со голема љубов прочита свој состав за Александар Македонски а Даниел Димовски повторно восхити со драматизацијата на расказот “Калина.
Читањето имаше за цел да ги поттикне луѓето да читаат, негуваат македонскиот јазик во сите форми а преку едукативната програма да се запознаваат децата од најрана возраст со македонските букви во опуштена атмосфера надвор од училишните клупи и домови. За децата учесници (Емили, Оливија, Исак, Оливер) беа припремени активности и навистина го голем интерес учествуваа во боење и изговарање на буквите кои им беа дадени. Убаво прозвучија нивните научени букви и зборови пред микрофон при што публиката ги охрабри и поздрави со аплауз. 
Се оддаде почит и кон починатиот познат драмски писател Горан Стефановски познат по драмите Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, и добитник на престижниете награди: „Стале Попов“
Во обраќањето Гордана Димовска рече: Се заложивме од самото формирање да ја промовираме македонската литература, да го негуваме јазикот во сите форми и на сите можни начини. Важно е да му се даде посебно место на читањето. Тоа е корисно за развојот на мислата, збогатување на речникот, подобра комуникација, изразување на она што сакаме да го кажеме, развивање на мечтаењето, намалување на стресот. Читањето е како копче за пауза, треба да подзастанеш и да се концентрираш кога читаш. Придобивките од оваа зголемена активност ја заоструваат меморијата и способноста за учење. Книгата е извор на знаење, јазикот е коренот на нашето постоење и препознатлив национален белег.
Легендата на македонскиот спорт, Г-динот Андон Дончевски подари неколку книги на друштвото меѓу кои и Дончо Национале каде се опишуваат неговиот огромен придонес за македонскиот спорт, за обединувањето на македонската фудбалска репрезентација под македонското знаме.
МЛД Кочо Рацин изразува голема благодарност за поддршката на медиумите: СБС радио (Васе Коцев, Маргарита Василева, Маја Б. Талевска, весниците АМН и Денес (Игор Павловски), Пленти Вали Радио (Танас Петрин, Сузана и Вера), Вангел Патерас за видео снимки од настанот, Андон Дончевски и Доне Димов (Камбера) за поддршката и подарување на книги за друштвото. Ги поканува сите Македонци да ги посетуваат овие културни настани од големо значење и интерес за сите генерации.















 




BEAUTIFUL PROMOTION OF THE MACEDONIAN LITERATURE

The Macedonian Literary Society Koco Racin, Melbourne, marked the end of the year with a literary reading held on November 29 at the library in Mill Park. The reading was called My favorite story and in which the educational program for children From letter to letter - alphabet was also introduced.
The members of the аssociation chose to read favorite stories, poems, drama extracts, novels in Macedonian and English. It was truly a real pleasure to hear something from the first Macedonian playwrighter, Risto Krle -  Antica, story about the kidnapped Kalina (when Macedonia was under Turkish rule)  and her farewell letter to her mother, part of the contemporary novel by Saso Dimoski (Alma Mahler), memoirs of theAndon Donchevski’s book Doncho nacionale, beautiful poems and and readings by Vera Gorgievska, Krste Naumovski (Gramotnik), Dona&Krste read the poem Jagula, by Ante Popovski, Stevan Aceski (Solun Brothers). Thanas Petrin read his father poems: Children refugees, Poem for Neret and the Krushevo Republic, Vasilka Pateras (Praznina and Nevena), Vera Mazeska (T'ga za jug and other poems), have also had wonderful performances. Saska Stavreska (To be Macedonian ), Rosita Gruevska (Ne daj boze). For the first time Adrian Gorgievski performed with great love and read his composition for Alexander the Great, and Daniel Dimovski again admired the dramatization of the short story "Kalina".
Reading was intended to encourage people to read, nurture the Macedonian language in all forms, introduce Macedonian letters to children frome the earliest age in a relaxed atmosphere outside the school and homes. The children participants showed great interest in coloring and pronouncing the letters given to them. They presented their work and pronouncing letters and words on the microphone, and the audience encouraged and applauded them. The association paid tribute to the late famous playwright Goran Stefanovski, famous for the plays "Proud Flesh", "Let's Into Place", "Duplo Dno", "Tattooed Souls" and winner of the prestigious awards: "Stale Popov"
The president of the Association, Gordana Dimovska said: We have pledged from the very begining  to promote the Macedonian literature, to nurture the language in all forms and in all possible ways. It's important to give the language a status it deserves. Reading is useful for the thought development, enrichment of vocabulary, better communication, expression of what we want to say, developing imagination, reducing stress. The book is a source of knowledge, language is the root of our existence and a recognizable national symbol.
The legend of the Macedonian sport, Mr. Andon Donchevski, donated several books to the Association, including Doncho Nacional, book about him and his huge contribution to the Macedonian sport, the unification of the Macedonian football team under the Macedonian flag.
MLA Kocho Racin expresses his gratitude for the support of the media: SBS Radio (Vase Kocev, Margarita Vasileva, Maja B. Talevska, AMN and Today newspapers (Igor Pavlovski), Plenty Valy Radio (Tanas Petrin, Suzana and Vera), Vangel Pateras for video recordings of the event, Andon Donchevski and Done Dimov (Kambera) for the books donations.
www.mldkocoracin.blogspot.com
Email: mld.kocoracin@mail.com

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...