Saturday, December 29, 2018

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД МЛД "КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН


Измина уште една година во која продолжи нашата мисија во промовирање на нови литературни дела на нашиот Саем на книгата. Посебен акцент се стави на вклученост на поголем број читатели и љубители на македонската поезија и проза во литературното читање.
Вклученост на најмладите деца во нашата програма Од буква до буква азбука која им дава можност на сите деца да се запознаваат со македонските букви и да изразат желба за изучување на македонскиот јазик. Од огромно значење е постоењето на литературното друштво кое преку организирање на саем на книгата, литературни читања, фестивал на писатели, Македонски фестивал на храната, наоѓа пат до македонската публика да ја поттикне се повеќе љубовта кон пишаниот збор, кон книгата и убавата поезија и проза.

НИЕ СМЕ НАШИТЕ ИЗБОРИ

Мисли од францускиот писател Жан-Пол Сартр
„Можеби имало поубави времиња, но ова е нашето време.“
„Ти си – твојот живот и ништо повеќе.“
„Сѐ е откриено, освен тоа како да се живее.“
„Се чини дека сѐ што знам за мојот живот, го имам научено од книги.“
„Животот започнува од другата страна на очајот.“
„Зборовите се наполнети пиштоли.“
„Како и сите сонувачи, јас го мешам разочарувањето со вистината.“
„Човекот не може да направи ништо сѐ додека не сфати дека тој не може да смета на никој освен на себеси; дека тој е сам, напуштен на земјата среде неговите бескрајни одговорности, без помош и без никаква цел освен онаа која тој самиот ја поставува и без ниту една друга судбина освен онаа која самиот си ја создава на земјата.“

Wednesday, December 26, 2018

ЛИТЕРАТУРАТА, ТЕМЕЛ НА ЖИВОТОТ

Литературата нè потсетува на приказни, епови, свети списи и класични дела од старото и модерното време. Таа е дефинирана како тело на пишани дела на јазик, период или култура, произведени од научници и истражувачи, специјализирани за одредена област. Зошто е важна литературата? Тие се опис на различните аспекти од животот на обичниот човек. Класичните книжевни дела служат како храна за размислување и ја поттикнуваат способноста да се измислува и способноста да се создава нешто. Читањето на добри литературни дела, е еднакво на давање на можности за најдобро образование. Од друга страна, недостатокот на изложеност на добра литература е еднаков на лишувањето од можноста да се напредува.

Многу дела во литературата создаваат силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или пораките што ги пренесуваат. Читателите имаат тенденција да се дружат со емоциите прикажани во овие дела и да станат емотивно вклучени во нив. Според тоа, книжевноста има длабоко влијание врз размислувањето и гледањето на животот.
Самиот поим литература доаѓа од латинскиот збор littera и значи познанство на буквите. Литературата е уметничко јазично творештво на еден народ . Низ различни историски периоди се здобила со различни карактеристики. Најраните дела, најчесто се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Средниот век ја носи романсата, националистичките епови и философската мисла.

Saturday, December 22, 2018

ЗА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН




Коста Солев Рацин (1908 - 1943) е една од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература, но Рацин беше многу повеќе од само наш најдобар поет помеѓу двете светски војни - неговата активност како истакнат работнички и комунистички деец обично се потиснува во втор план, но сликата на Рацин без овој елемент не соодветствува на реалноста.

Покрај тоа што се занимаваше со поезија, Рацин има напишано и прозни и теоретски трудови. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена. Тој целосно беше над карактеристичниот „комунистички стил на теоретизирање“ препознатлив преку тирадите со безбројни етикетирања и апотеози на лидерите, нешто што во Македонија и многу подоцна беше вистинска реткост. Во иста насока е и следниов став на Блаже Конески: „Во Рацин имаме најиздигнат македонски народен интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го рекол и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацин дека тој од обичен работник - грнчар со упорно самообразование се издигна така високо.“

Sunday, December 16, 2018

ЛОЈАЛНА ДО СМРТ


Извадок од книгата Loyal unto death: Trust and terror in revolutionary Macedonia – Keith Brown
Користени податоци од Британското министерство за надворешни работи и Националниот архив во Скопје. Во 1896 година Кејт полага заклетва и станува член на Македонската Револуционерна Организација. Кога Гоце Делчев дојде во Прилеп, некој му кажувал за мене и ме повика на состанок. Од тој ден ме прими во главниот штаб на организацијата во прилепскиот округ.Во 1902 година кога четата на Методија Пачев беше разбиена, уништена во село Кадино,

Saturday, December 8, 2018

ВЕЗ


Силно светат, паѓаат
Тивко, нежно
Да не ја вознемират
И прекинат таа нишка,
Ја осветлуваат твојата вредна рака
Конци црвени, црни
И ред други бои
Ти не знаеш за мака
Продолжуваш да везеш
Твоето срце полно со љубов
Кој би можел тебе да не те сака?

ИМА ДОЛУ ЕДНА КРВ

Ацо Шопов


Има долу тешка една крв
од древноста чиниш останата.
Не се ни наѕира во врелите маглини на овој врв.
Лежи проколната како лузна врз раната.

Има долу една тешка крв. Има крв една.
Има една крв густа како црна смола.
Крв ненаситна и исконски жедна.
Има една стара крв, црна и гола.

Лежи она и рие како крт.
Оди од праг до праг, рие низ свеста.
Непогрешно и неизбежно како смрт
ги исполнува сите празнини и места.

Saturday, December 1, 2018

"МЛД КОЧО РАЦИН" МЕЛБУРН СО НОВО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ

СВОЕВИДНА АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО АВСТРАЛИЈА
Mакедонското литературно друштво Кочо Рацин, Мелбурн, крајот на годината го одбележа со Литературно читање одржано на 29 Ноември во библиотеката во Мил Парк. Читањето беше наречено Мојата омилена приказна а во чиј склоп се одржа и едукативна програма за деца Од буква до буква – азбука.
Членовите на дурштвото избраа да читаат омилени приказни, поеми, драми, извадоци од романи на Македонски и Англиски. Навистина беше вистинско уживање да се слушне нешто од првите македонски драмски писатели ( Ристо Крле - Антица –), расказ за грабнувањето на Калина од турскиот аскер и нејзиното проштално писмо до мајка и, дел од современиот роман на Сашо Димоски (Алма Малер), мемоари од книгата на Андон Дончевски, прекрасно прозвучија и авторски поеми и четива  од Вера Горгиевска, Крсте Наумовски (Грамотник), заедно со Дона ја прочитаа и поемата Јагула од Анте Поповски, Стеван Ацески (Солунски браќа). Прекрасни настапи имаа и гостите кои се пријавија да читаат: Танас Петрин со поеми од неговиот татко: Деца бегалци, Песна за Нерет и Крушевската република, Василка Патерас (Празнина и Невена), Вера Мажеска (Тга за југ и свои поеми), Сашка Ставреска (Македонец да си), Розита Груевска (Не дај боже). За првпат настапи и Адриан Горгиевски кој со голема љубов прочита свој состав за Александар Македонски а Даниел Димовски повторно восхити со драматизацијата на расказот “Калина.

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...