Sunday, December 16, 2018

ЛОЈАЛНА ДО СМРТ


Извадок од книгата Loyal unto death: Trust and terror in revolutionary Macedonia – Keith Brown
Користени податоци од Британското министерство за надворешни работи и Националниот архив во Скопје. Во 1896 година Кејт полага заклетва и станува член на Македонската Револуционерна Организација. Кога Гоце Делчев дојде во Прилеп, некој му кажувал за мене и ме повика на состанок. Од тој ден ме прими во главниот штаб на организацијата во прилепскиот округ.Во 1902 година кога четата на Методија Пачев беше разбиена, уништена во село Кадино,
Прилепско, нивната архива беше исто така украдена. Јас и Рампо Пешков отидовме во Битола да служиме во четата на Ѓорѓи Сугарев. Нашата цел беше да го јакнеме духот на селаните во прилепскиот регион, кои беа потресени од погубувањето на четата. Но турците постојано не следеја. Така дојде и до апсење. Јас и Рампо се спротивставивме со оружје но не успеавме да го спречиме апсењето. Како член на главниот штаб и заради моето спротивставување на апсењето, ме осудија на доживотна робија во Битола. После десет месеци, Султанот донесе закон за помилување на политичките затвореници. Јас и Рампо не бевме ослободени, останавме се уште в затвор. Значи останав 2 години в затвор при што Рампо и почина. Една ноќ заедно со 32 затвореници одлучивме да ископаме тунел и избегавме од затворот. Се приклучивме на четата која беше активна. После тоа дојде и до помилување од Султанот за сите нас избеганите затвореници. Оттогаш го добив својот легален статус и работев за организацијата.  Кога архивата во Топлица беше украдена, лидерството стана нелегално. Јас останав да работа в пошта пак за да ја спомагам организацијата.

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...