Wednesday, December 26, 2018

ЛИТЕРАТУРАТА, ТЕМЕЛ НА ЖИВОТОТ

Литературата нè потсетува на приказни, епови, свети списи и класични дела од старото и модерното време. Таа е дефинирана како тело на пишани дела на јазик, период или култура, произведени од научници и истражувачи, специјализирани за одредена област. Зошто е важна литературата? Тие се опис на различните аспекти од животот на обичниот човек. Класичните книжевни дела служат како храна за размислување и ја поттикнуваат способноста да се измислува и способноста да се создава нешто. Читањето на добри литературни дела, е еднакво на давање на можности за најдобро образование. Од друга страна, недостатокот на изложеност на добра литература е еднаков на лишувањето од можноста да се напредува.

Многу дела во литературата создаваат силна врска со читателската публика преку приказните што ги раскажуваат или пораките што ги пренесуваат. Читателите имаат тенденција да се дружат со емоциите прикажани во овие дела и да станат емотивно вклучени во нив. Според тоа, книжевноста има длабоко влијание врз размислувањето и гледањето на животот.
Самиот поим литература доаѓа од латинскиот збор littera и значи познанство на буквите. Литературата е уметничко јазично творештво на еден народ . Низ различни историски периоди се здобила со различни карактеристики. Најраните дела, најчесто се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Средниот век ја носи романсата, националистичките епови и философската мисла.

 Романтизмот ја истакнува популарната народна литература и емотивние ставови а во 19 век започнува фазата на реализам и натурализам, тргајќи во реалното. 20 век веќе носи нови промени, го донесува симболизмот и психолошките гледишта. 21 век се карактеризира со нова модерна литература, време на патриотизам и интимизам во поезијата, раѓањето на прозниот исказ, расказот и драмата.


Проблемите за создавање унифицирана глобална историја на литературата се дополнети со фактот што многу текстови биле изгубени во текот на милениумите. Настанало намерно, случајно или целосно исчезнување на нивното оригинално потекло. Многу е напишано, на пример, за уништувањето на Библиотеката Александрија во 1 век п.н.е., и безбројните клучни текстови за кои се верува дека биле изгубени засекогаш во пламенот. Намерното потиснување на текстовите (а честопати и нивните автори) од страна на организации од духовна или временска природа дополнително ги отежнуваат работите и ставаат сенка над вистината.
Читањето на добри литературни дела е од суштинско значење во секоја фаза од животот, бидејќи тоа не збогатува на повеќе начини не само еден. Литературата дефинитивно е многу повеќе од нејзиното книжевно значење, кое го дефинира како "познавање на букви". Всушност, тоа го поставува темелот на исполнет живот, додава "живот" на "живеењето".Читањето е најдобрата ментална активност која ви ја подобрува меморијата, го зголемува капацитетот за паметење, развива аналитички вештини, го збогатува вашиот речник а со тоа и комуникацијата со други луѓе и на разни теми. 

„На умот му се потребни книги како што на мечот му е потребно точило, за да ја зачува својата острина.“ - Џорџ Р. Р. Мартин

 „Добри пријатели, добри книги и заспана совест – тоа е идеалниот живот.“ - Марк Твен


 Гордана Димовска 

No comments:

Post a Comment

ПОЕЗИЈАТА ИМА МОЌ ДА ИНСПИРИРА

Поезијата има моќ да инспирира, да направи промени во нечиј живот како ниедна друга уметничка форма.  Поезијата е како најубава уметничка сл...