Измина уште една
година во која продолжи нашата мисија во промовирање на нови литературни дела
на нашиот Саем на книгата. Посебен акцент се стави на вклученост на поголем
број читатели и љубители на македонската поезија и проза во литературното
читање.
Вклученост на
најмладите деца во нашата програма Од буква до буква азбука која им дава
можност на сите деца да се запознаваат со македонските букви и да изразат желба
за изучување на македонскиот јазик. Од огромно значење е постоењето на
литературното друштво кое преку организирање на саем на книгата, литературни
читања, фестивал на писатели, Македонски фестивал на храната, наоѓа пат до
македонската публика да ја поттикне се повеќе љубовта кон пишаниот збор, кон
книгата и убавата поезија и проза.